More

    Федералната влада ќе активира специјални овластувања

    spot_img

    Канадскиот премиер Џастин Трудо ќе ги информира премиерите на канадските провинции за неговата намера да ги активира специјалните овластувања на федералната влада со цел да се стави крај на протестите кои блокираа некои гранични премини со САД и парализираа делови на Отава, главниот град на Канада.

    Според Си-Би-Ес Њуз кои цитираат неименувани извори, премиерот Трудо објавил дека планира да се повика на Законот за вонредни ситуации, ретко користена законска опција што и дозволува на федералната влада да воведе специјални привремени мерки за безбедност во провинциите во вонредни случаи во кој било дел од државата.

    Тоа овластување досега го искористи еднаш таткото на Трудо, Пјер Трудо поранешн премиер, за време на таканаречената „октомвриска криза“ од 1970 година. Оваа одредба двапати се активираше во текот на двете светски војни како правен акт за воени мерки.

    Премиерот на Онтарио, Даг Форд, денеска најави дека најнаселената канадска провинција ќе ја укине регулативата за задолжително поседување потврда за вакцинација против ковид-19 за две недели, но не поради протестите што ја блокираа границата и ја парализираа Отава туку затоа што „тоа е безбедно“.

    Во Канада, пак, има зголемување на бројот на случаи на инфекции со сојот Омикрон на коронавирусот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img