More

    Му направи мака на Трудо, а сега го одликува Украина

    spot_img

    Нацистичкиот генерал од единиците на СС кој лани беше одликуван во канадскиот парламент сега е одликуван во Украина. Јарослав Хунка, 98-годишниот ветеран кој во Втората светска војна работел во 14-та дивизија „Вафен Гренадир“ повторно ги разгори дебатите и контроверзите во меѓународната јавност.

    Хунка беше одликуван од регионалниот совет на украинската област Тернопол со почесна значка „за неговиот значаен личен придонес за помагање на украинските вооружени сили, добротворни и јавни активности“.

    Минатиот септември, неговото одликување во канадскиот парламент му зададе огромна главоболка на кандадскиот претседател Џастин Трудо, а претседателот на Претставничкиот дом Ентони Рота, кој самиот го покани Хунка на настанот, на крајот поднесе оставка.

    За новото одликување на Хунка во Украина стигнаа првите реакции од Русија. Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите Нации ова не е изненадување за Украина, која, според него е, „земја рај за нацистички соработници од Втората светска војна“.

    Потомците на овие луѓе лобираат кај владата да се слават нивните предци, објасни Полјански, осврнувајќи се на инцидентот во септември кога Хунка беше одликуван во Канада.

    – Неонацистичката идеологија, за жал, има многу силно влијание во Канада. Мислам дека тоа е очигледно. Владата на Џастин Трудо е донекаде заложник – рече рускиот функционер.

    Во историјата е познато дека СС-дивизијата на Галиција во која учестувал Хунка вршела злосторства врз Евреите и врз Полјаците.

    Сепак, лани во канадскиот парламент Хунка беше претставен како „херој“ кој се борел „за независност на Украина против Русите“ за време на Втората светска војна.

    Во тоа време, канадскиот министер за имиграција, Марк Милер, призна дека земјата има „навистина мрачна историја со нацистите“, велејќи дека во еден момент „било полесно да се влезе во Канада како нацист отколку како Евреин. ”

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img