More

    Двојните избори, кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра

    spot_img

    Двојните избори, кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху.

    Шеху на денешната седница на ДИК образложи дека над 6 милиони евра ќе одат за организирање на изборите, со обезбедување на доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени 656 милиони денари или над 10.614.000 евра.

    – Ќе наведам колку средства ќе бидат потрошени за парламентарните и колку за претседателските избори, бидејќи за претседателски избори ќе се користат повеќе средства во делот на платено политичко рекламирање, затоа што во првиот круг за претседателски избори на сите учесници во изборите им следува по две евра за запишан избирач во избирачкиот список. Исто така и по едно евро на кандидатите кои ќе бидат во вториот круг, исто така на запишан избирач. Додека за парламентарните избори следуваат по две евра на сите учесници во избори, исто така на запишан избирач. Тука само да наведам дека од вкупните средства ги баравме од Министерството за финансии, сите средства ни се дадени, само во делот ни недостасуваат во платено политичко рекламирање, каде со самиот министер за финансии се договоривме дека овие средства ќе ги надополнат подоцна, бидејќи средствата за платено политичко рекламирање се плаќаат 30 дена по конечноста на резултатите. Ова нема да влијае и нема да имаме проблеми во текот на организирањето на изборите – вели Шеху.

    Таа посочи дека ДИК нејзините членови и вработени веќе една година се подготвуваат за двојните избори да поминат во фер, демократска атмосфера и да бидат безбедни.

    – Идентификацијата на гласачи ќе биде со отпечаток од прст, што беше усвоено и ставено во Законот од 2020 година – рече Шеху. Таа демантираше дека во расправите во ДИК била против идентификацијата со прст, како што било објавено на некои портали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img