Државните органи добија препорака да не поделат 13. плата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата денеска на 38. седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и на јавните обвинители.

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук соопшти дека платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати.

За таа цел задолжени се Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и дополнувања на законите со што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите.

– Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избраните и именуваните лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула – изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

На денешната владина седница донесена е и одлука да почне исплатата на К-15 за сите вработени во администрацијата за што се обезбедени околу една милијарда денари во билансот на буџетот.

Третата одлука која денеска ја донесе Влада е препорака до сите органи на државната управа да не вршат исплата на 13-та плата со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот.

– Ова се важни одлуки за сите граѓани, подобрување на животниот стандард на граѓаните и економијата се наш приоритет. Како Влада наследивме состојба која беше алармантна, но само за пет месеци успеавме да направиме економска консолидација на буџетот и да обезбедиме исплата на плати, да вложуваме во капиталните инвестиции и да имаме економски развој. Посветени сме на стимулирање на инвестициите што ќе ја зголемат продуктивноста. Оваа економска стратегија дава охрабрувачки индикатори и затоа имаме состојба на раст на платите, а намалување на инфлацијата – истакна Митева

Share This Article