Загребската полиција добила неколку пријави за бомби во Загреб.Во оперативната должност на Полициската управа во Загреб за краток период од половина час пристигнале пријави за наводно поставени експлозивни направи во неколку трговски центри во градот Загреб“, потврдија од полицијата за Н1.
Полицијата во моментов ги презема сите мерки за утврдување на околностите, велат од таму.
„Полицијата е на терен и ги презема потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните“, велат од полицијата и додаваат дека нема простор за паника.
Според извештаите на медиумите, пристигнати се извештаи за најмалку три трговски центри – Сити Центар Еден Ист, Гарден Мол во Дубрава и Фамлил мол.
Ова не е прва дојава за бомби во трговските центри во Загреб. Кон крајот на април, полицијата добила дојава за бомба во Арена Центарот, но при претресот во центарот не бил пронајден експлозив.
Авенија мол беше претресен и во мај поради пријавување наводна бомба. Испадна и дека станува збор за лажна пријава.