Литар Еуродизел на пумпите од 15 часот денеска до следниот петок во истиот термин ќе чини најмногу 202 динари, а бензинот Еуропремиум БМБ ќе чини 189 динари. Горивото повторно поскапе, а цената на дизелот ја премина „магичната граница“ од 200 динари.
И минатата недела горивото во Србија поскапе, па според тие цени, литар еуродизел чинел 199 динари, четири динари повеќе од една недела претходно. Литар Еуропремиум БМБ бензин минатата недела чинел 186 динари, јавува Блиц бизнис.
Извесен период горивото во Србија од недела во недела поскапува, а трендот го следи растот и движењето на цената на барелот на светските берзи. Барел на лондонскиот пазар изнесуваше речиси 75 долари, а во последните неколку недели цената „замина“ на ниво од околу 88 долари, што е највисока цена од јануари годинава.
Саудиска Арабија најави дека ќе продолжи да го ограничува производството на нафта во септември, за еден милион барели дневно, а не исклучува дека ќе продолжи со оваа практика и во наредните месеци.
Русија, исто така, минатата недела објави дека во септември ќе го намали извозот на нафта за 300.000 барели дневно.