More

    Џенифер Лопез „уловена“ на одмор во Италија без Бен Афлек

    spot_img

    Латино дивата Џенифер Лопез замина на одмор во Италија, но без сопругот Бен Афлек, со кого се разведува, како што пишуваат странските медиуми.

    Американскиот портал ТМЗ објави фотографии на кои се гледа Џеј Ло во хотел во Позитано во средата — во друштво на неколку пријатели додека се пробивале низ редот лежалки, по скалите кон морето, од каде што, на крајот, се качиле на брод.

    Џеј Ло била фотографирани додека се насмевнува и се сонча на брод во Италија во вторникот, 18 јуни, покажувајќи ги стомачните мускули во горен дел во крем боја во комбинација со шарени шорцеви и златни високи потпетици. Таа носела чанта „Диор“, а на лицето имала златни очила за сонце.

    Одморот во Италија доаѓа откако извор за „Пипл“ во средата рекол дека Лопез (54) прави планови да патува ова лето, среде хаосот во нејзиниот брак со Афлек (51).

    „Лајф нејшн“ објави на 31 мај дека Лопез ја откажала планираната концертна турнеја, затоа што сака „да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img