More

    Со предавање на Виолета Пирузе-Тасевска ќе започнат „Деновите на македонската литература“

    spot_img

    Катедрата за македонска книжевност и култура, со годинешното издание на манифестацијата ја продолжува традицијата. Оваа година, манифестацијата добива и меѓународен карактер и има поразличен концепт, со поголема фокусираност на книжевната наука и со продлабочување на соработката со познавачите на македонската литература од странските универзитети.

    Годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, утре ќе биде отворено со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, којашто сиот свој работен век го мина на оваа Катедра. Со „Деновите на македонската литература“, Катедрата ја продолжува традицијата. Оваа година, манифестацијата добива меѓународен карактер и има поразличен концепт концепт, при што поголем акцент е ставен на книжевната наука и на продлабочување на соработката со познавачите на македонската литература од странските универзитети.   

     Свеченото отворање ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет, со пригодна реч на деканот, проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителот на Катедрата проф. д-р Трајче Стамески, по што ќе следи предавањето на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска на тема „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“.

     Професионалниот пат на Пирузе-Тасевска е дел од историјата на Филолошкиот факултет при УКИМ. Во 1984 година, на Факултетот, таа, со одличен успех ја има одбрането својата магистерска тема „Митови и митолошки елементи за македонските народни приказни“, а во 1991 година и докторската теза „Тематски и идејно-естетски приближувања и спротивности на романтизмот за српската и македонската литература“. Сиот работен век го мина на оваа Катедра, како професор по нова српска литература и по други предмети, а беше и раководител на Катедрата. Учествувала на многу еминентни научни собири, а бројни стручни и научни трудови објавува во земјава и во странство и е автор на значајни монографски публикации.

     Со предавањето на Пирузе-Тасевска, Катедрата за македонска книжевност и култура, повторно се навраќа кон валоризација на научните постигнувања на генерациите професори што ја втемелија основата за нејзиниот современ развој.

     Во рамките на манифестацијата „Денови на литературата“, утре, со почеток во 18 часот, на Филолошкиот факултет ќе се одржи и студентска вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“ – настан насловен според песна од Анте Поповски, еден од великаните на македонската книжевност чиишто дела се опфатени со програмата на манифестацијата. Преку подготовката на овој настан, студенти од повеќе генерации го обединија својот креативен потенцијал и подготвија програма со која преку рецитал, драматизација, музички точки и видео-проекции ќе се претстави дел од развојот на македонската книжевност и култура, со антологиски дела по нивен избор.

     Вториот ден од манифестацијата ќе биде посветен на професори што предаваат македонска книжевност на странски универзитети, со што таа, покрај фокусираноста на книжевната наука, добива и позначаен меѓународен карактер. Предавањата на професорите од странските универзитети ќе се одржат виртуелно, преку платформата Зум.

     Инаку, гостинските предавања на професорите по македонска книжевност од странските универзитети се планира да бидат и натамошна постојана практика во рамките на настаните што на Филолошкиот факултет се организираат со влог на Катедрата за македонска книжевност и култура, којашто преку годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“, веќе ја зајакнува својата меѓународна соработка со соодветните катедри од факултетите на странските универзитети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img