More

    Две лица загинаа во бомбашки напад близу Спортскиот центар во Цетиње

    spot_img

    Две лица загинаа, а три лица се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, во близина на Спортскиот центар, јавуваат црногорските медиуми.

    Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен и дека истрагата е во тек, јави подгоричкиот портал Вијести. Според неофицијални информации, на самото место е убиен П.К., член на криминалниот Шкаљарски клан, додека уште едно лице потоа им подлегнало на повредите.

    „Антена М“ јавува дека три лица се повредени и се пренесени во болницата во Цетиње, меѓу кои и една постара жена.

    Затворени се улиците околу Спортскиот центар, а на местото на настанот е и градоначалникот Никола Ѓурашковиќ.

    Цетињски лист пишува дека силна експлозија одекнала по девет часот пред влезот во Спортскиот центар. Од силината на експлозијата искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато дрво.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img