Background

Деца на 9 години ќе може да се венчаат

Ирачките пратеници и групите за права на жените реагираа со ужас на усвојувањето на законот од страна на ирачкиот парламент, со кој им се дозволува на децата на возраст од 9 години да се венчаат, а активистите велат дека тоа ќе го легализира силувањето деца, објави британски Гардијан.

Според новиот закон, кој беше договорен вчера, верските власти добија овластување да одлучуваат за семејните работи, вклучително и за бракот, разводот и за грижата за децата. Со него се укинува претходната забрана за брак на деца, помлади од 18 години, која беше на сила од 1950-те.

Свештениците го имаат главниот збор

– Дојдовме до крајот на правата на жените и до крајот на правата на децата во Ирак – рече адвокатот Мохамед Џума, еден од најистакнатите противници на законот.

- Advertisement -
Ad image

Ирачката новинарка Саја Хашим рече дека е застрашувачки фактот дека свештениците ја имаат предноста во одлучувањето за судбината на жените.

– Застрашувачки е фактот дека свештениците го имаат главниот збор во одлучувањето за судбината на жените. Се плашам од сѐ што следува во мојот живот како жена – рече таа.

Законот ќе се применува и ретроактивно

Активистите рекоа дека стравуваат оти законот сега ќе се применува ретроактивно и за случаите кои се поднесени во судовите пред да биде донесен, што ќе влијае на правата на алиментација и на старателство.

– Добивме аудио снимка на жена која плаче поради усвојувањето на овој закон, при што нејзиниот сопруг се заканува дека ќе ѝ ја одземе ќерката доколку таа не се откаже од своите права за финансиска поддршка – рече портпаролката на феминистичката група Коалиција 188, Раја Фаик.

Детските бракови честопати завршуваат со трауми и со неуспех

Детските бракови се долгогодишен проблем во Ирак, каде што 28% од девојчињата се венчале пред да наполнат 18 години, покажа истражувањето на ОН од 2023 година.

Додека бракот на некои малолетни девојчиња им се претставува како шанса да избегаат од сиромаштијата, многу од браковите завршуваат со неуспех, што носи доживотни последици за младите жени, вклучително и социјален срам и недостаток на можности поради недовршеното школување.

Наместо да се заострат законите против малолетничките бракови и да им се помогне на девојчињата од посиромашните средини да го завршат своето образование, новиот закон дозволува брак на малолетници според верската секта според која се склучува брачниот договор.

За шиитските муслимани, кои се мнозинство во Ирак, најниската возраст за брак за девојчињата ќе биде 9 години, додека, пак, за сунитите, официјалната возраст ќе биде 15 години.

– Ирачката држава никогаш не била сведок на пад и на вулгарности што им наштетиле на богатството и на угледот на Ирак, како што сме сведоци денес – рече независниот пратеник, Саџад Салем.

Гласањето во парламентот не се одвивало според правилата

Членот на правната комисија на парламентот, Алија Насиф, во објава на интернет рече дека гласањето се одржало без присуство на минималниот број пратеници, потребни за донесување закон, и дека таа и другите противници на законот ќе одат во Ирачкиот федерален суд да ја оспорат одлуката.

Ирачкиот новинар и застапник за правата на жените, Бенин Елиас, рече дека воопшто не е шокиран, но дека ова не е време за солзи, „ниту за предавање на варварските одлуки“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation