More

    Борг: Ѓоковиќ сака да ги собори сите рекорди во историјата на тенисот

    spot_img

    Легендарниот шведски тенисер Бјорн Борг изјави дека Србинот Новак Ѓоковиќ би можел да освои уште еден или два Грен слем турнири, пренесува Јуроспорт.

    Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал го делат првото место на вечната листа со по 22 Грен слем трофеи. Ѓоковиќ моментално е на првото место на АТП листата, додека Надал е деветти тенисер во светот. На следната АТП листа, која ќе биде објавена на 20 март, Шпанецот ќе испадне од ТОП 10 најдобри светски тенисери за прв пат по 18 години.

    „Мислам дека Надал со години нема да биде во Топ 10. Но, мислам дека е многу среќен. Можеби неговото тело не е 100 отсто подготвено, но сепак сака да игра“, изјави Борг.

    Поранешниот шведски тенисер е убеден дека Ѓоковиќ ќе освои уште неколку Грен слем трофеи.

    „Ѓоковиќ би можел да освои уште една или две грен слем титули. Кој знае? Но, тоа не го прави за себе, туку за тенисот и печатот. Неверојатно, Новак ги поместува границите. Тој сака да биде најголем“, додаде Борг.

    Борг повтори дека Ѓоковиќ е фантастичен тенисер.

    „Ѓоковиќ сака да ги собори сите рекорди во историјата на тенисот. Тој е фантастичен играч. Кога овие момци се занимаваат со тенис, никогаш не се знае што ќе прави Рафа, можеби ќе игра уште една година. Ѓоковиќ ќе игра уште неколку години“, изјави Борг.

    Борг (66) во кариерата освои пет титули на Вимблдон, а шест пати триумфираше на Ролан Гарос. Сепак, легендарниот шведски тенисер никогаш не ги освои Австралија Опен и УС Опен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img