More

    Бидете моќен и впечатлив маж оваа есен!

    spot_img

    Летната еуфорија сè уште трае, но брендот Boss веќе се погрижи да им даде до знаење на мажите како да бидат дотерани во месеците што ни претстојат и комплетно да го пренасочи вниманието на модните уживачи.

    Нивното мото #beyourownboss е сè уште актуелно и ги охрабрува мажите да бидат свои и да се одлучат за храбри и секогаш стилски комбинации.

    А модните комбинации кои тие ги препорачуваат за следната сезона се моќни и впечатливи, без разлика на пригодата.

    Минимализмот повторно е централен, ја има дозата на строго германско потекло кое е во нивната модна ДНК, но истовремено порачуваат дека ниту овојпат не ја забораваат лежерноста и удобноста која во последните години е примат.

    Дуксери и маици со логото на брендот се нешто што веќе e класика и што секој маж треба да го поседува ако сака да биде дел од тимот на Boss!

    – Генерално, дуксерите во себе го имаат спојот на она што можеби во модниот свет не постои како термин, но како естетика да – спортска елеганција! Но, овој бренд, не можеме да го замислиме без совршените костими, па и за оваа есен оттаму препорачуваат неколку модели од строг до лежерен крој, од работна до вечерна варијанта, за во секој момент да се искаже мажественоста – велат модните советници.

     

    Есенската колекција вклучува и кожни јакни, бомбер модели, „шушкавци“, но и мантили, лежерни, елегантни капути…

    И секако, не заборавајте на додатоците за приказната комплетно да биде Boss – од внимателно дизајнирани чорапи и долна облека, преку ремени, до капи, чанти и обувки – заокружи ја оваа модна приказна како што ти посакуваш!

    Ако судиме по естетиката за оваа есен, ќе биде вистински предизвик и за жените да оддолеат на Boss шармот!

    Новата колекција е веќе во продавниците на брендот, а неодоливата понуда која е љубов на прв поглед можете да ја разгледате и на www.fashiongroup.com.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img