NFT го зафати речиси целиот свет – не поминува ден без да се слушне за влегување на нова област или нови можности со овој релативно нов феномен. Како огромен потенцијал и нешто што изгледа како бескрајни нови можности за иднината на модата, NFT го привлече и вниманието на луксузните модни куќи. Слободно може да се каже дека се повеќе модни NFT се на хоризонтот и дека присуството на модата постојано расте, како на платформите за преставување и аукција, така и во метаверсот.
Gucci
Gucci го означи својот влез во NFT преку аукција на својот краток филм Aria како NFT . Четириминутното видео е креирано и ко-режирано од Alessandro Michele, креативниот директор на брендот, заедно со фотографката Floria Sigismondi. Филмот во NFT беше продаден на Christie за 25.000 долари, лани во јуни.
Louis Vuitton
Во чест на јубилејот – 200 години од раѓањето на основачот на брендот, модната куќа го објави Louis -the Game, игра што може да се преземе на мобилните уреди. Играта ја прикажува приспособливата фигурина на Louis Vuitton, „ Vivienne “ преку патување низ 200 виртуелни светови , за да најде двеста роденденски свеќички. По завршувањето на играта, можат да се бараат триесет скриени колекционерски NFT, од кои десет се дизајнирани во соработка со дигиталениот уметник Beeple.
Dolce and Gabbana
Како прва голема модна куќа која објави NFT колекција, соработката на Dolce and Gabbana со UNXD беше неоспорен успех. Со наслов Collezione Genesi, колекцијата се состоеше од девет парчиња: пет NFT кои беа придружени со физички парчиња и четири само дигитални NFT. Колекцијата е распродадена за вкупно шест милиони долари.
Jimmy Choo
Потфатот на Jimmy Choo во светот на NFT беше во соработка со уметникот Eric Haze. Ерик. Победникот на распродадената колекција доби ексклузивни патики дизајнирани од Eric Haze , во дигитална и физичка форма, како и 8.888 мистериозни кутии NFT на брендот.
Balmain
Минатиот месец Balmain објави колекција Balmain X Barbie, во која легендарната кукла беше облечена во новата колекција на Balmain. Создадени се четири аватари во соработка со FORGOT ME NOT GMBH кои се продаваат на аукција и се придружени со физички модели на Barbie куклите./М.М.
Извор:modamoda.mk