More

    Актерот од популарната серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses) Мајкл Џејстон почина на 89-годишна возраст

    spot_img

    Актерот од популарната серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses) Мајкл Џејстон почина на 89-годишна возраст.

    Во легендарната серија тој го глумеше таткото на Рејчел „Ракел“ Тарнер (Теса Пик-Џонс), долгогодишната партнерка на главниот лик Дерек „Дел Бој“ Тротер (сер Дејвид Џејсон) во обожаваната британска комедија.

    Џејстон починал по кратко боледување, изјави неговиот агент, пренесува „Скај њус“.

    Играјќи во епизодата „Времето е во нашите раце“, Џејстон, кој го толкуваше ликот на продавачот на антиквитети Џејмс, е поканет во станот на Дел на вечера, која тргнува наопаку поради несреќата со сосот.

    Меѓутоа, Џејмс забележува стар џебен часовник во гаражата, откривајќи им на Дел и неговиот брат Родни (Николас Линдхерст) дека го направил часовничарот Џон Харисон во 18. век и дека вреди цело богатство, што ги одвело на аукција, каде што конечно станале милионери.

    „За жал, Мајкл Џејстон почина утрово по кратко боледување. Оние кои го познаваа, знаат дека беше полн со љубов, смеа и ведрина. Тој обожаваше да се сретнува со обожаватели низ целиот свет. Неговото семејство и пријатели ќе ја ценат приватноста во овој момент“, се вели во соопштението на семејството на Џејстон.

    Џејстон првпат се појави на сцената во 1960-тите и имаше телевизиски улоги во „Магбет“ и „Кралот Лир“ на Вилијам Шекспир.

    Тој, исто така, го играше Николај Втори, царот на Русија, во историскиот филм „Никола и Александар“ од 1970-тите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img