More

    Адел пијана во геј бар во Лондон се соблекла по градник и танцувала на сцената околу шипка!!

    spot_img

    Адел, која изјави дека престанала да консумира алкохол во октомври, била снимена како липа од плачење откако во четвртокот вечерта претерала со пијачката во геј бар во Лондон, каде што се соблекла по градник и танцувала на сцената околушипка пред танчерките во топлес.

    Се чини дека пејачката на новиот хит наречен „I Drink Wine“ испила премногу вино додека го гледала „Порно идол“ во клубот „Heaven“, откако, на воодушевување на сопственикот, се појавила на вратата на клубот со голема група на пријатели.

    Од ВИП-ложата Адел дотрчала на сцената, каде што танцувала околу шипка додека топлес танчерите ја гледале шокирано. Потоа го соблекла своето скапо палто „Фенди„ и рекла дека се поти.

    Додека била на сцената, насобраните гости скандирале, а таа ги прашала присутните на подиумот: „Од каде сите знаат дека тоа сум јас?“.

     

    Адел потоа ја избрала победничката на натпреварот, велејќи ѝ на девојката во топлес по име Марта: „Ние сакаме жени, е***е жени, нели? Да, ја избирам, гледам дека си убава, симпатична и полна со самодоверба со сите овие мажи околу тебе“. Адел на тој начин се осврнала на родово неутралната награда која ја освои на Британските музички награди.

     

     

    Само неколку часа претходно, Адел имаше прилично пристоен настап на снимањето за шоуто на Греам Нортон, каде открила дека сака дете со своето момче Рич Пол и со тоа ги подгреала гласините за нивната свршувачка.

    Инаку, Адел се врати дома во Лондон во вторникот за да земе тројна награда на наградите БРИТ.

    Пејачката беше крунисана за изведувач на годината, нејзината песна „Easy On Me“ беше прогласена за песна на годината, а ја доби и наградата за албум на годината.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img