More

    Карлеуша го покажа подарокот што го доби за „Денот на вљубените“

    spot_img

    Mногумина го прославија вчерашниот празник – некои го славеа празникот на виното Свети Трифун, други „Денот на вљубените“ т. е. Свети Валентин, а некои и двата празника во еден.

    Славните личности покажаа што сѐ добиле за „Денот на вљубените“, а меѓу нив, како и обично, со својот подарок се издвојува српската пејачка Јелена Карлеуша.

    Карлеуша на својот профил на Инстаграм сподели интересни фотографии и видеа на кои се гледа дека е опкружена со „море“ од црвени рози.

    Поточно, како што напишала, добила 3.333 рози, а позираше со насмевка.

     

    Не е познато кој ѝ ги испратил розите на пејачката за „Денот на вљубените“, но очигледно е дека убавиот подарок многу ѝ годи.

     

     

    Имајќи предвид дека Јелена и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, имаа вистинска семејна драма за божиќните празници, па оттогаш не престануваат зборувањата дека се разведуваат, сега сите се прашуваат дали овој величествен подарок ѝ го испратил Душко на Јелена.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img