More

    Ќе летаат турските дронови и противтенковските ракети

    spot_img

    Украинската армија ќе спроведе воени вежби од 10 до 20 февруари како одговор на руските воени вежби во Белорусија, во близина на границата со оваа земја, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, пренесува Ројтерс.

    Говорејќи за локална ТВ станица, Резников рече дека украинските војници постојано спроведуваат воени вежби и дека од 10 февруари ќе се обучуваат да ги користат турските беспилотни летала Бајрактар, американските противтенковски ракети Џавелин и британските ракети „NLAW“ кои ги добија од своите странски партнери.

    Западните земји се загрижени за можна руска окупација на Украина, бидејќи земјата собра над 100.000 војници во близина на границата со Украина и уште 30.000 во Белорусија, каде што ќе ги одржи горенаведените воени вежби.

    Од друга страна, Русија негира какви било планови за окупација, наведувајќи дека нејзе ѝ е потребно зајакнување на одбранбените капацитети поради проширувањето на НАТО алијансата во Источна Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img