Утринава Скопје е петти најзагаден град во светот, според списокот на IQair каде градот е во друштво на Лакоре во Пакистан, Акра во Гана, Њу Делхи во Индија, додека на првото место е градот Бишкек во Киргистан. Скопје со своите 190 микрограми ПМ честички на метар кубен е ставен во категоријата загадување „штетно по здравјето“, додека првите три градови на листата се со индекс „многу штетно по здравјето“.