Досега загинале повеќе од 2.000 Украинци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици, изјави денеска заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко за ТВ Русија-24.

Според него, Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.
– Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат – рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина и дека „сето тоа е многу опасно“.

Украинската служба за итни случаи, пак, денеска соопшти дека во руската инвазија се убиени повеќе од 2.000 украински цивили, а уништени се стотици објекти, вклучувајќи транспортни објекти, болници, градинки и домови.

„Децата, жените и одбранбените сили ги губат своите животи секој час“, се наведува во соопштението.

Share This Article