More

    Ројтерс ексклузивно открива што го исфрустрирало рускиот лидер

    spot_img

    Тројца извори запознаени со разговорите во кругот на Путин изјавија за Ројтерс дека рускиот лидер изразил фрустрација на мала група советници поради, како што смета, обидите за запирање на разговорите поддржани од Западот и одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прекине сите мировни преговори со Русите.

    – Путин може да се бори онолку долго колку што е потребно, но Путин е исто така подготвен за прекин на огнот, да ја замрзне војната – изјавил вториот извор, висок функционер кој соработувал со Путин и има познавање на разговорите на највисоко ниво во Кремљ.

    Тој, како и другите кои разговараа за Ројтерс, побарал анонимност. Ројтерс разговарал со вкупно пет луѓе кои работат или работеле со Путин на повисоко ниво, во политичкиот и деловниот свет.

    Петтиот извор не го коментирал замрзнувањето на војната на сегашните линии на фронтот.

    Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, рече дека шефот на Кремљ повеќепати јасно ставил до знаење дека Русија е отворена за дијалог за да ги постигне своите цели, велејќи дека земјата не сака вечна војна.

    Министерствата за надворешни работи и одбрана на Украина не одговориле на прашањата на Ројтерс.

    Од друга страна, Зеленски постојано изјавува дека мир според условите на Путин не е можен. Тој вети дека ќе ја врати изгубената територија на Украина, вклучително и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Тој потпиша декрет во 2022 година со кој формално прогласи за „невозможни“ какви било разговори со Путин.

    Истовремено, Украина се подготвува за разговори организирани од Швајцарија следниот месец, со цел да се обедини меѓународното мислење за тоа како да се стави крај на војната. Разговорите беа свикани на иницијатива на Зеленски, кој рече дека Путин не треба да присуствува.

    Швајцарија не ја покани Русија.

    Москва рече дека разговорите не се веродостојни без таа да биде таму. Украина и Швајцарија сакаат да присуствуваат руски сојузници, вклучително и Кина.

    Говорејќи во Кина на 17 мај, Путин предупреди дека Украина може да ги искористи швајцарските разговори за да натера поширока група земји да го поддржат барањето на Зеленски за целосно руско повлекување, а за што рускиот лидер рече дека ќе биде наметнат услов наместо сериозни мировни преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img