More

    Лавров: Индонезија можеби ги игнорирала обидите да се спречи учество на Русија на состаноци на Г20,  доколку ги имало

    spot_img

    Индонезија можеби ги игнорирала обидите да се спречи учество на Русија на состаноци на Г20,  доколку ги имало, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    – Не ми е познато дали имало обиди да се блокира присуството на Русија на состаноци на Г20 – изјави Лавров.

    Тој ја даде изјавата по состанокот со виетнамскиот колега, Буи Тхан Сон, во Ханој, јави Тасс.

    – Од Индонезија имаме покана да присуствуваме на два состаноци на министрите за надворешни работи на Г20 утре на Бали, а некаде во ноември и за Самитот на Г20. Доколку имало такви обиди, индонезиските власти можеби ги игнорирале – појасни министерот.

    Состанокот на Г20 ќе има свој дневен ред, како што тврди Лавров, Русија ќе се држи до тој дневен ред и ќе „држи низа билатерални состаноци.

    Министрите за надворешни работи на Г20 ќе се соберат на Бали од 7 до 8 јули, наведува агенцијата Тасс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img