More

    Премиерот вети дека опожарените дрва нема да се најдат на пазарите

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски апелира до граѓаните кои сакаат доброволно да се вклучат во гаснењето на пожарот во Галичица, да не го прават тоа, бидејќи станува збор за опасен терен каде има многу експлозивни средства кои можат да убијат некого.

    – Морам да кажам се сомневам дека е случајно да имаме по 40 пожари секој ден. Не може никој да ме убеди дека се случајни. Рекордни 651 во јули за 21 ден или рекордни 66 на 29 јули. Не може никој да ме убеди дека сето ова е случајно. Но, тоа е што е, и ние мораме да се занимаваме со потребата да го решаваме ова, не можеме да очајуваме и да кукаме сега и да велиме тешка е работата. Правиме сè што можеме и како влада и благодарност до сите оние луѓе на терен што прават сè што можат за да се справат со огнената стихија – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Царинската управа.

    Тој апелира до граѓаните да ги остават пожарникарите да ја вршат својата работа.

    – Таму има оставено многу воена опрема, но и експлозивен материјал кој датира дури од времето на Првата светска војна. Може да се случи да бидат детонирани и некој човек да го изгуби својот живот и тоа е неповратен процес. Нискостеблестата шума, грмушките и тревата ќе пораснат но човекот нема да го вратиме. Затоа ги молам да ги оставиме луѓето коишто се вешти, обучени за оваа работа да се справат. Знам дека изгледа стравотно, знам, секоја вечер до наутро сме во координација со луѓето и не само таму, туку и насекаде и благодарност за сето тоа што го прават, но ве молам нема цена со која загубениот човечки живот ќе можеме да го вратиме – рече Мицкоски.

    Тој очекува состојбата со пожарите да потрае до крајот на август, а можеби и во септември.

    Одговарајќи на прашањето за користењето на опожарените дрва за комерцијални цели, Мицкоски уверува дека тоа нема да се дозволи.

    – Верувајте дека тоа овојпат нема да се случи, значи еве го имате мојот збор. Вие со право правите реминисценција со пожарите од 2021 година, посебно во делот на Малешевијата и Пијанец, кои што завршија во некои од стовариштата и со право имате грижа и ја оправдувам, но во овој случај тоа нема да се случи – дециден беше премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img