По синоќешните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, официјален Кремљ ја осуди американската „хистерија“ околу Украина, прецизирајќи дека двајцата претседатели одлучиле „контактите да продолжат“.
– Хистерија го достигна својот врв – изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, но додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.
Ушаков кажа дека во последните денови и последните часови „ситуацијата е доведена до апсурд“ и додаде дека телефонскиот разговор Путин-Бајден бил доста избалансиран и професионален по природа.
Белата куќа ја претставува руската инвазија на Украина како прашање на ден, тврдејќи дека Русија распоредила повеќе од 100.000 војници на границите на Украина и дека спроведува маневри во Црното Море и Белорусија, де факто околу својот прозападен сосед.
Западот бара Русија да испрати сигнал за смирување на тензиите, која, пак, бара НАТО да не се шири во ова