Протест пред Уставниот суд во Тирана за албанско-италијанскиот договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Стоп за договорот“ порачаа учесниците на протестот што се одржува пред Уставниот суд во Тирана кој денеска го разгледува договорот меѓу Албанија и Италија за мигрантите.

-Народ на бегалци, бегалски камп. Стоп за овој договор, престанете со пропагандата, извикуваа учесниците во протестот – претежно млади луѓе.

Преиспитувањето на уставноста на договорот од Уставниот суд побараа 30 пратеници од опозицијата, од групата на Сали Бериша и Газменд Барди. Тие бараат поништување на договорот, оценувајќи дека се прекршени сите закони и оти претставува опасност по националната безбедност.

Највисоката судска институција по доставеното барање, во декември ја суспендираше ратификацијата на договорот во Законодавниот дом, а денеска отвори расправа. И тогаш пред судот протестираше поголема група млади од Лежа, на чија територија, треба да бидат изградени прифатните центри.

Договорот, што на почетокот на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони предвидува изградба на центри за мигранти во пристанишниот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена, воена база, во кои треба да се сместуват најмалку 3.000 бегалци месечно, односно 36.000 годишно, кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанскиот брег.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Долниот дом на италијанскиот Парламент на 24 месецов го ратификуваше договорот, кој треба да го одобри италијанскиот Сенат.

Share This Article