На протераните руски дипломати им е даден рок до 25 април да ја напуштат Хрватска, изјави загрепскиот амбасадор Андреј Нестеренко за телевизијата „Россија-24“.
„Им беше даден рок до 25 април да ја напуштат земјата“, рече Нестеренко, цитиран од ТАСС. „Тоа е сериозен удар за нашите билатерални односи бидејќи протераните дипломати беа вистинските луѓе“, рече тој.
Хрватска вчера објави дека ќе протера 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал.
Хрватска на тој начин им се приклучи на голем број европски земји кои го направија истото „поради бруталната руска агресија врз Украина“, соопшти МНР.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров вчера за ТАСС изјави дека „Русија соодветно ќе одговори“.
Од ова може да се заклучи дека руската страна подготвува реципрочна мерка.