More

    Приведен крадец од велешко, расчистени три кривични дела, пронајдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците

    spot_img

    На 17.09.2023 во 17.10 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода А.К.(41) од с.Горно Оризари, велешко. Тој се сомничи дека во периодот 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат.
    Покрај ова, пред продавница во Велес тој, лажно претставувајќи се како полициски службеник, од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом, а потоа влегол во неговиот дом во Велес и извршил пребарување но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес.
    По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле  претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветeн поднесок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img