„Река“ црвено вино, доволна да наполни олимписки базени течеше во градот Сао Лоренцо до Баиро во Португалија, пишува Дејли Мејл. Луѓето биле збунети од брзиот тек на виното кое истекло од две цистерни во винарија Левира кои попуштиле.
Истекле вкупно 2,2 милиони литри вино, а пожарникарите го пренасочиле текот на виното за да не ја загади вистинската река во градот и да предзивика еколошка катастрофа. За пренасочување војската поставувала бариери.
Иако реката од вино можеше да предизвика еколошка несреќа, експертите велат дека пиењето разни типови црвено вино е добро за стомакот.
Винаријата се извини за случајот:
„Ние преземаме целосна одговорност за трошоците поврзани со чистење и санирање на штетите и имаме на располагање тимови кои можат веднаш да се ангажираат. Посветени сме на што поскоро решавање на ситуацијата“.