Процентот на млади пушачи во Германија нагло се зголемил во последните три години, покажуваат истражувањата.
Дури 11 отсто од луѓето на возраст од 16 до 29 години се опишале себеси како редовни пушачи, во споредба со само шест отсто во 2020 година, објави во неделата медиумската група „Функе“, врз основа на истражувањето „Форса“ нарачано од Фондот за здравствено осигурување KKH.
Според истражувањето, два отсто од испитаниците се опишуваат себеси како повремени пушачи, а 87 отсто како непушачи.
Во возрасната група од 30 до 49 години уделот на редовните пушачи благо се зголемил од 19 на 21 отсто, додека во групата од 50 на 69 години бројот на пушачи паднал од 23 на 19 отсто.
Севкупно, 18 отсто од оние на возраст над 16 години се редовни пушачи, покажа истражувањето.
74 отсто од жените и 77 отсто од мажите изјавиле дека не пушачи.
„Загрижувачки е фактот што особено младите луѓе пушат повторно, и тоа редовно“, изјави Мајкл Фалкенштајн, експерт за проблеми со зависности од KKH, за весникот Funke.