Вчера околу 19.00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево.
Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема.
Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.