More

    Штрајкувачите од СОНК се единствени, иако припаѓаат на различни партии

    spot_img

    Неофицијално дознаваме дека на денешната седница на Владата ќе се разгледува нашето барање, па доколку добиеме нов предлог тогаш тоа ќе биде разгледано од синдикалните организации и попладнево ќе донесеме одлука дали штрајкот во училиштата и во градинките ќе продолжи, вели за Плусинфо претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

    На обвинувањата дека тој зема висока плата, Неделков одговара дека нема намера да се расправа преку медиуми со своите неистомисленици, но тврди дека ништо што е кажано не го нарушува единството на членството на СОНК.

    – Вредам многу повеќе од платата што ја земам. Од спротивната страна не можат да поверуваат како тоа нашите членови се воедно и дел од членството на влаједачките партии, а дел од нив ѝ припаѓаат и на опозицијата, па сепак, тие се единствени како членови на синдикатот. Никаков притисок нема да го поремети единството на членството – додава Неделков.

    Веќе втора недела трае штрајкот во училиштата и во градинките, а досега од СОНК ја одбија понудата на владата за зголемувањето на платите во образованието од 10 отсто. Оттаму бараат покачувањето да изнесува 18 отсто, но спремни се со цел да се испочитува општиот интерес, тие повторно да преговараат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img