More

    Фудбалерите на Шкупи нападнати пред стадионот

    spot_img

    Тежок инцидент се случи попладнево пред Градскиот стадион во Тетово во пресрет на големото дерби Шкендија – Шкупи во претпоследното коло во оваа сезона во Првата лига, откако чаирчани беа нападнати пред самиот стадион, јави порталот Спорт 1.

    На доаѓање, навивачите на тетовци го пречекаа клупскиот автобус на Шкупи со факли и го нападнаа, а потоа, во голем метеж, во кој летаа и боксови, а и пиротехника, настрадаа неколку фудбалери на шампионот, како и дел од персоналот на клубот.

    Причината за ваквииот инцидент не е позната, но во последно време многу се затегнати односите на двата клуба, уште од последното дерби на Чаир, по кое имаше препукувања на двата прволигаша.

    На Шкендија ѝ гори под нозе во трката за Европа откако ја загуби битката за шампионската титула, додека шампионот Шкупи игра само за својата чест, во обид првпат после повеќе од пет ипол години повторно да се радува под Шара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img