More

    Турските инвеститори очекуваат да се обнови договорот за слободна трговија меѓу двете земји

    spot_img

    За уште поголем економски напредок, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвеститори, земјава мора итно да ја надмине клучната препрека, а тоа е ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција, му порача синоќа Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) на вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

    На седницата на Управниот одбор на МАТТО на која присуствуваше и Битиќи, беше истакнато дека МАТТО се обидува веќе подолго време да најде решение за слободната зона во Гевгелија, која преку моделот на јавно-приватно партнерство очекува да и биде доделен.

    -Целта на МАТТО е да даде придонес кон двојно зголемување на турските инвестиции во следниот период. Трговската размена во периодов е околу 700 милиони долари, но нашата тенденција е најпрво да дотигнеме трговска размена до една милијарда долари, а потоа многу повеќе. За да ја реализираме оваа тенденција и за поголем економски напредок на нашата држава, постојат повеќе механизми. Еден од нив е и можноста за користење кредити од 550 милиони долари кои турската Егзим банка ги има одвоено за Македонија – рече претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски.

    Тој рече дека турските инвестиции учествуваат со 35 отсто од вкупните странски вложувања во земјата.

    Битиќи информираше за состојбата со државниот Буџет, нагласувајќи дека благодарение токму на приватниот сектор во февруари има зголемување од 25 отсто по основ на сите приходи, додека, пак, вкупниот пораст во јануари 2022 година изнесува 9 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

    Владата, рече Битиќи, досега има потрошено вкупно 200 милиони евра од кои 170 милиони за справување со енергетската криза и дополнителни 30 милиони за активностите за обезбедување  топлинска енергија.

    Вицепремиерот презентираше и дел од дополнителните мерки поврзани со ликвидноста на компаниите – обезбедување бескаматни кредити преку преку Развојната банка и Европската инвестициска банка.

    Тој, како што соопштија од МАТТО, ја  изразил намерата на Владата за уште поинтензивна соработка со приватниот сектор, во насока на справување со предизвиците кои ги носи економската криза, истакнувајќи дека не може да се очекува развој без инвестиции, како од приватен така и од јавен карактер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img