More

    Путин ја обвини Канада дека доцнела со враќањето на германската турбина за гасоводот Северен поток 1

    spot_img

    Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Канада дека доцнела со враќањето на германската турбина за гасоводот Северен поток 1, надевајќи се дека ќе ги продаде сопствените енергенси во Европа.

    – Еден мотор требаше да се поправи. Канада не го врати поради санкциите кон „Газпром“, иако (поправките беа направени) во фабриката Сименс. Ќе ви кажам зошто Канада го направи тоа. Тоа е затоа што исто така произведува нафта и гас и планира да влезе на европскиот пазар – истакна Путин.
    Турбината на компанијата Сименс, што беше испратена на ремонт во Канада, е неопходна за снабдување на Германија и Европа со руски гас. Канада ја врати поправената турбина во Германија, но неизвесно е кога истата ќе биде испратена во Русија.

    Гасоводот „Северен тек 1“ во моментов не работи поради десетдневен ремонт што треба да заврши утре. Сепак, европските земји стравуваат дека Москва би можела да го земе техничкото прашање како изговор да не продолжи со испораките, а со тоа да изврши притисок врз нив во контекст на конфликтот во Украина.

    Пред да биде запрен „Северен тек 1“ поради ремонт, Русија веќе значително ги намали испораките во изминатите недели, оправдувајќи го тоа со недостатокот на турбината на Сименс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img