More

    Петковиќ загрижен дека Заедницата на српските општини никогаш нема да биде формирана

    spot_img

    Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти, со најавата дека Заедницата на српските општини (ЗСО) никогаш нема да се формира и дека Србите мора да прифатат еднострани одлуки за регистарските таблички и личните картички, „поттикнува конфликти во Косово и Метохија“, јави дописникот на МИА од Белград.

    Петковиќ во писмената изјава наведе дека Курти „во секоја изјава го измислува наводното влијание на Русија, бидејќи сака не само да биде нападнат од Белград, туку и да ги оправда идните нови еднострани и насилни дејствија против српскиот народ во покраината (Косово)“.

    Тој оцени дека „обидите на Приштина да ја наметне агендата на разговорите во Брисел со некои празни соништа за „заемно признавање“ не се ништо повеќе од тактиката дијалогот да го обесмислат и да го уништат уште пред тој да започне“.

    Она што Курти добро го знае, посочи Петковиќ, но не смее јавно да го каже, е дека Србите него на Косово го сметаат за директно одговорен за сите малтретирања, инциденти, обесправеност, лишување од слободата на движење и други демократски права. Затоа, додава тој, нивниот отпор и револт е резултат на едностраните, насилни и незаконски дејствија на Курти, а не на некаква оркестрирана странска агенда.

    Премиерот на Косово, Курти во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека постои ризик од нов конфликт со Белград за Косово и дека ризикот од конфликт е голем, тврдејќи дека „рускиот лидер Владимир Путин стои зад Србија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img