More

    Најмалку 50 ранети при нападот во Краматорск

    spot_img

    Најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа при ракетен напад на железничката станица во градот Краматорск во источниот дел на Украина, изјави гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко.

    „Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск“, напиша Кириленко на Телеграм.

    Претходно беше објавено дека се загинати 39 лица, а најмалку 100 се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем.

    Градоначалникопт на градот истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.

    Голем број високи западни функционери остро го осудија нападот на железничката станица во Краматорск во Украина.

    Британскиот министер за одбрана Бен Валас го нарече нападот „различно злосторство“, додавајќи дека прецизни проектили биле насочени кон луѓето кои бараат хуманитарна помош.

    Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека е „згрозена“ од нападот, додавајќи дека „нападот врз цивили е воено злосторство“, а „Путин и Русија ќе одговараат за ова“.

    Нападот го осуди и Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, кој истакна дека е „ужасно“ да се види како проектилот погодил една од главните станици за евакуација на цивилите во регионот.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, исто така, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „нов обид да се затворат патиштата за бегство на цивилите од неправедната војна“.

    Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во разговор за Си-Ен-Ен зборуваше за „ужасни слики“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img