More

    Манекенката првпат проговори за мозочниот удар

    spot_img

    Хејли Болдвин Бибер, манекенка и сопруга на Џастин Бибер, одлучи да ја сподели приказната за тоа што се случувало кога доживеала мал мозочен удар минатиот месец.

    Манекенката на каналот на Јутјуб споделила видео со наслов „Ја раскажувам мојата приказна“. Хејли (25) сакала да сподели со обожавателите како се чувствувала во тие моменти и што се случувало со нејзиното здравје.

    –  Имав застрашувачки инцидент на 10 март. Денот беше сосема нормален, имав нормална конверзација и бевме среде разговор. Одеднаш имав чудно чувство како да ми помина низ рацете и рамениците, сè до врвовите на прстите – ја започнува приказната Хејли.

    Таа вели дека прстите почнале да ѝ трнат, а Џастин ја прашал дали е добро. Кога се обидела да одговори вториот пат кога ја прашал, не можела.

    Џастин замолил некој да повика Брза помош.

    – Дефинитивно најстрашниот момент во мојот живот. Толку многу работи ми поминаа низ глава. Можев да одам сосема добро, во тој момент, проблем беше само говорот – раскажала Хејли.

    Ја чекала Брзата помош и нејзиниот говор полека почнал да се враќа. По тестирањата, откриле дека претрпела мало згрутчување на крвта во мозокот. Го категоризирале како минлив исхемичен напад, кој таа го опиша како „мини мозочен удар“.

    Откако ја напуштила Брзата помош, отишла на подетално тестирање. Набрзо откриле дека има отворен форамен овале, ѝ бил направен зафат, а видеото го завршува со зборовите дека сега се чувствува добро.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img