More

    Лукашенко демантира дека белоруски трупи влегле во Украина

    spot_img

    Белорусија не планира да се приклучи на руската воена операција во Украина, изјави денеска претседателот Александар Лукашенко за време на состанокот на Државниот совет за безбедност, јавува РТ, демантирајќи ги украинските власти кои објавија дека белоруски трупи се движат кон северозападниот дел од земјата.

    – Белоруската армија никогаш не учествувала и не учествува во воените дејствија. Можеме да му докажеме на секого. Покрај тоа, руските власти никогаш не ни го покренале ова прашање – за нашето учество во воениот конфликт. Немаме планови да се вклучиме во оваа специјална операција во Украина. Не постои таква потреба – изјави тој, цитиран од белоруската новинска агенција БелТА .

    Според БелТА, тој исто така рекол дека белоруските воени сили моментално концентрирани во близина на Украина требало да ја зајакнат границата за да „избегнат радикали и оружје “ да влезат во земјата.

    Утринава, украинските медиуми објавија дека  белоруските воени сили ја преминале границата и влегле во украинската област Чернихив, повикувајќи се на претставникот на регионалните сили за територијална одбрана, Виталиј Кирилов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img