More

    Државните ревизори ги проверуваа финансиите на партиите

    spot_img

    Само партиите БЕСА и ГРОМ добија позитивно мислење од страна на државните ревизори за нивните финансии. ДПА, Алијанса на Албанците и Движењето за национално единство на Турците добиле негативно мислење, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добиле мислење „со резерва“, јавува Телма.

    Кај СДСМ ревизорите пронашле дека поседуваат имот во Тетово, Куманово, Виница, Кочани, Делчево и скопски Центар и Кисела Вода за кој немаат имотни листови. Партијата се правда дека дел од имотот е наследен и дека не се користи. Најдени се и проблеми со средствата за членарина кои се уплаќаат на сметка на партијата во вкупен износ.

    Членарината е главен проблем кај коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. Пречекорен бил лимитот на уплатена членарина, а исто така фалат фактури за расходи и бројки во пописните листи.

    Кај ВМРО-ДПМНЕ, фактот што партијата има забрана да располага со имотот од 2018 година прави покомплицирано да се процени Билансот на состојата. Во деловните книги од 2020 година стои дека има зголемена вредност на имотот. Од партијата велат дека ова не може да се исправи сѐ додека трае судскиот процес.

    Алијанса за Албанците за изборната кампања користеле средства што ги добиле од државниот Буџет, што е забрането за време на  парламентарни избори. Нема евиденција ниту документација и за дел од деловните промени и трансакции.

    Необезбедена уредна документација за паричните средства во готово, неуредно сметководство и нецелосно извршен попис на средства, обврските и изворите на средствата се најголемиот проблем и кај ДПА.

    Во извештаите ревизорите наоѓаат системски слабости и нагласуваат дека мора да се преиспита законската одредба во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка, како и да се допрецизира  делот на донации и да се регулира на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img