More

    Во Минхен започна безбедносната конференција во сенка на тензиите во Украина

    spot_img

    Безбедносната конференција во Минхен почна денеска со присуство на голем број западни лидери и во сенка на зголемените тензии во источна Украина.

    – Ова е најважната конференција во моите 14 години на нејзино чело – рече шефот на конференцијата Волфганг Ишингер за годинашното издание на конференцијата, која се одржува во главниот град на Баварија од 1963 година.

    – Канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена рече во Москва дека наша должност е да работиме за да спречиме голема војна. Но, добро, да почнеме да работиме на тоа – рече Ишингер на отворањето на форумот, во време кога Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите по артилериските и минофрлачки напади во источна Украина.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека светските геополитички поделби продолжуваат да растат, што го „парализира“ Советот за безбедност и им дозволува на различни актери неказнето да дејствуваат. Тој рече дека е загрижен поради можноста за воен конфликт во Европа, во време кога руската армија се распоредува на украинската граница.

    – Сѐ уште не мислам дека тоа ќе се случи, но ако се случи, ќе биде катастрофа – рече Гутереш, додавајќи дека е „време за сериозна деескалација“ и дека нема алтернатива за дипломатијата.

    Голем број светски лидери пристигнаа во Минхен, кои често се нарекуваат одбрана на Давос, вклучително и американскиот потпретседател Камала Харис, државниот секретар Ентони Блинкен, шефот на НАТО Јенс Столтенберг, украинскиот претседател Володимир Зеленски и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

    За првпат по неколку години претставник на Русија не допатува во Минхен, што, како што наведуваат странските агенции, е показател за влошување на односите меѓу Западот и Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img