More

    Арсовски вели дека Ковачевски се плаши да оди на референдум

    spot_img

    Димитар Ковачевски е срам за македонскиот народ. Продолжувањето по стапките на неговиот ментор Зоран Заев, каде што убедливо ја носи државата кон патот на пропаст и национален срам, го прави уште полош премиер и од самиот Заев. Прашањето кое што го поставува јавноста е следново: Зошто Ковачевски бега од соочување со граѓаните на референдум? Дали со тоа што вели дека е чекор назад референдумот во целиот процес значи дека е свесен дека граѓаните не го поддржуваат, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

    – Граѓаните не ја поддржуваат неговата политика. Тоа што Ковачевски се плаши да оди на референдум е само доказ дека граѓаните не даваат поддршка на преговарачката рамка која што тој ја промовира и турка, што во превод значи асимилација и бугаризација. Граѓаните не се за ова. Ако говориме за чекори наназад, Република Македонија чекори наназад цело време откако е дојдена СДСМ на власт. Со Ковачевски само се  интезивира тоа темпо на чекорење наназад. Димитар Ковачевски треба да се извини на македонскиот народ, на граѓаните затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство – изјави Арсовски.

    Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав по ниту една цена.

    – Цената што сака Ковачевски да ја платат граѓаните и државата е преголема. Манипулациите на Ковачевски и кликата околу него ќе пропаднат ако тој прифати и излезе на референдум и затоа и е исплашен и се плаши од народот, како што всушност видовме дека е исплашен и на онаа приватна партиска прослава која што ја имаше направено во Крушево каде што не им допушти на граѓаните да го чествуваат празникот како што доликува и треба. Дополнително, додека Ковачевски оди против сопствениот народ, на државата и се случува економски крах. Ценовни шокови, поскапувања, инфлација, најнизок раст на БДП во регионот, најмалку странски директни инвестиции во државата – дополни тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img