More

    Арон Донум ја побара за жена својата девојка

    spot_img

    Големото дерби на белгискиот фудбал меѓу Стандард и Андерлехт беше прекинат синоќа во 62 минута, откако гостинските навивачи по втор пат го прекрија теренот на стадионот во Лиеж со пиротехнички средства.

    Судијата прво го прекина дербито во 57 минута кога навивачите на Андерлехт почнаа да фрлаат на теренот факели и чадни бомби, незадоволни од водство на Стандард од 3-1.

    Прекинот траеше околу 15 минути, а само пет минути откако натпреварот продолжи, гостинските навивачи го повторија инцидент по што судијата во согласност со правилата го прекина дербито.

    Меѓутоа, тоа не беше крај на случувањата во Лиеж.

    По последниот судиски свиреж, крилниот играч на Стандард, Норвежанецот Арон Донум ја повика својата вереница на теренот. Клекна на земјата, ги испружи рацете кон девојката и ја замоли да се омажи за него.

    -Рече, да!- извика спикерот на стадионот на огромно задоволство на домашните навивачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img