More

    Шведска прекршила одредени права за да добие зелено светло од Туркије за да влезе во НАТО

    spot_img

    Шведска прекршила одредени права за да добие зелено светло од Туркије за да влезе во НАТО, оцени Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ), пишува Еурактив.

    – Ако Шведска е подготвена да замижи пред кршењето на човековите права од страна на Турција заради политичка корист, тогаш тоа е еден од најзагрижувачките трендови што сме ги виделе во последните години – изјавила директорката на ХРВ, Тирана Хасан, за државното шведско радио додавајќи дека земјата може да го изгуби својот меѓународен углед.

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон неодамна изјави дека неговата земја ниту може ниту има намера да ги исполни сите барања на Турција, особено оние поврзани со протерување и екстрадиција на голем број политички, главно курдски, активисти кои властите во Анкара ги нарекуваат терористи.

    – Турција од време на време споменува имиња на луѓе чија екстрадиција сака. Реков дека овие прашања ќе се решат според шведскиот закон. Шведските граѓани никогаш нема да бидат екстрадирани во странска земја – рече Кристерсон на 8 јануари.

    Во меѓувреме, Шведска беше на мета на обвинувања од Кремљ, од каде дојдоа изјави дека земјата крие информации во врска со експлозијата на цевката од гасоводот Северен Тек која мистеризно експлодираше под вода во Балтичкото Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img