More

    Нутриционистите укажуваат на храна која полека го уништува метаболизмот

    spot_img

    Храната што е најдостапна и најлесна за консумирање е обично најмалку здрава за нашиот струк.

    Постојат неколку високо обработени опции кои се рекламираат како здрави закуски или пијалоци, но тие всушност можат да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат слабеењето.

    Нутриционистите Хедер Хенкс, Лиза Ричардс и Бет Хокс тврдат дека треба да се држиме настрана од зашеќерените, преработени барови од гранола и овошните сокови купени во продавница.

    Гранола барови
    Најчесто се наоѓаат на полиците за здрава храна, па многумина посегнуваат по нив кога им е потребна брза ужина. Сепак, нутриционистите тврдат дека тие носат повеќе штета отколку добро, особено кога станува збор за телесната тежина.

    „Гранола баровите се најлошата храна за слабеење бидејќи се полни со рафинирани шеќери. Многу производители тврдат дека се здрави бидејќи содржат овес. И додека овесот е навистина добар извор на влакна, проблемот лежи во додадените состојки кои го прават нездрава храна“, објаснува Хенкс за „She Finds“, пренесува Index.hr.

    На тоа, Ричардс додава дека „преработената храна е направена од рафинирани јаглехидрати кои создаваат воспаление и го уништуваат здравјето на цревата“.

    Наместо шипки со гранола, посегнете по јаткастите плодови и овошјето кои ќе ве држат сити и ќе ви ја дадат потребната енергија.

    Овошни сокови
    Овошните сокови се исто така полни со непотребен шеќер. Ако ги пиете секој ден, може да предизвикаат проблеми како надуеност, воспаление, забавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.

    „На пример, во еден сок од портокал од 350 милилитри има околу 31 грам шеќер, што е за 22 грама повеќе отколку во истата количина на најпознатиот газиран пијалок во светот“, тврди Хокс.

    Покрај тоа, овошниот сок од продавница нема хранлива вредност. Затоа, изберете здрави алтернативи кои вклучуваат незасладен чај, вода или дури и свежо исцеден овошен сок, кој е богат со влакна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img