More

    Јовески до обвинителите, пред изборите за шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција

    spot_img

    Главниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески преку медиумите упати порака до сите обвинители во земјава на 7 ноември да гласаат „слободно и растоварено од какви било влијанија и притисоци“ за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

    За оваа функција, која досега ја извршуваше Вилма Русковска, се пријавени четворица обвинители, меѓу кои и самата Русковска, како и Ислам Абази, Незири Ермон, Пауновска Деса. Гласањето ќе биде в понеделник во работното време, а резултатите ќе ги сумира Советот на јавни обвинители.

    „Сметам дека ваквиот начин на избор дава можност директно со вашиот глас да влијаете за подобрување на состојбите во Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е важен дел од обвинителската структура, а функцијата прв човек на ова обвинителство е моќна, но и многу одговорна.

    Сакам да ве повикам сите слободно и растоварено од какви било влијанија и притисоци да го дадете својот глас за оној кандидат кој има најдобра програма и визија за идното функционирање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“ – се вели во пораката на Јовески.

    Тој додава дека на тој начин обвинителите ќе покажат дека имаат една заедничка цел – независна и силна јавнообвинителска организација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img