Денеска во 13:34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционирале возачот К.Б., информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Кај него, по извршеното алкотестирање биле измерени 4.07 промили на алкохол.
„Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.