More

    Стапија во сила мерките против аерозагадувањето

    spot_img

    Мерките во случај на надминат праг на алармирање стапуваат на сила во Тетово, каде што е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во текот на два последователни денови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Во соопштението се вели дека МЖСПП доставило информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

    – Согласно заклучоците од записникот од 40. седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за град Тетово стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање – се наведува во соопштението од МЖСПП.

    Со мерките на Министерството за здравство и Министерството за животна средина се предвидува ослободување од работа на бремените жени, лицата постари од 60 години и хронично болните од астма и со преживеани срцеви и мозочни удари. Во мерките спаѓаат и забрана за одржување спортски и други манифестации на отворено, како и прилагодување на времето за работа на работниците кои работат на отворено во период од 11 до 17 часот.

    Во вонредни мерки спаѓаат и зајакнати инспекциски контроли на Државниот инспекторат за животна средина на капацитетите кои подлежат на А интегрирана дозвола, како и зајакнати контроли од општинските инспекции на капацитетите со Б интегрирана дозвола, како и да се даде препорака за намалување на капацитетот на производство до 50 проценти со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија и да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

    Со вонредните мерки се опфатени и градежните компании кои треба редовно да ги измиваат градежните возила при излез од градилиштето, а транспортот на градежните возила и машини да се прави во 7.30 часот.

    Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници, да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

    Во мерките се наложува сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img