Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на горивата во просек за 0,88 отсто во однос на претходната одлука.
Од полноќ, според одлуката на РКЕ, малопродажната цена на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намали за 2,5 односно 2 денари по литар и ќе изнесуваат 98,50 денар за литар за бензинот од 95 октани и 101 денар за литар за оној од 98 октани.
Цената на „еуродизелот“ останува иста, а исти остануваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС .