Додека говореше пратничката Гордана Силјановска-Давкова од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Дарко Каевски од СДСМ играше видеоигри на вчерашната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.
Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го објави новинарот на Алфа, Матеја Петровски, каде што граѓаните го искажаа своето незадоволство.
Во продолжение ви пренесуваме дел од коментарите:
„За тоа ли ве плаќаме? Земате плата за да си играте тетрис на работа?“
„Тежок е животот на пратенците, еве видовме“
„Го помина нивото на играта или му требаат врски?“