Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот фејсбук-профил ја честиташе победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција.
– Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори. Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи – напиша Пендаровски на Фејсбук.
Честитки за реизборот на францускиот претседател Емануел Макрон пристигнаа од американскиот претседател Џо Бајден, како и од претседателот на Украина, Волородин Зеленски.
– Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка – вклучително и за поддршка на Украина, во одбрана на демократијата и во борбата против климатските промени – напиша Бајден на Твитер.
Зеленски пак му посакува на Емануел Макрон нов успех за бенефит на францускиот народ.
– Ја ценам поддршката на Франција и убеден сум: чекориме заедно кон нови заеднички победи! За силна и обединета Европа! – напиша Зеленски синоќа на Твитер.