More

    Партиите во очајнички обид да се дистанцираат од градоначалничката на Скопје

    spot_img

    Наместо да жали Мицкоски да понесе одговорност за хасот во Скопје. Христијан Мицкоски треба да понесе одговорност за хаосот што му се случува на Скопје, наместо јавно да се жали за своите проценки – обвини СДСМ во соопштение. ВМРО-ДПМНЕ му врати со обвинување дека „СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, а Ковачевски и Арсовска се коалиција на тендери и бизнис зделки.

    „Мицкоски беше тој кој ја поддржуваше Данела Арсовска на локалните избори, Мицкоски беше тој кој во нејзино име најавуваше нови еколошки автобуси па дури и фабрика за нивно производство. Денес, не само што нема нови автобуси, туку не функционира ниту постоечкиот јавен превоз. Приватните превозници не возат, а Јавното сообраќајно претпријатие е во долгови и пред колапс. Одговорноста за катастрофата што се случува во Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ – обвини СДСМ.

    Партијата додава дека и градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

    „За само една година, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Градот, Скопје денес стагнира, нема нови проекти, нема довршување ниту на наследените, но затоа има партизација и колапс на јавните претпријатија“ – оцени СДСМ.

    Според ВМРО-ДПМНЕ директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени од СДС, Левица и ДУИ.

    „Директорските места се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ.

    Директор на ЈП „Паркови и зеленило” е Зухјер Реџепи од ДУИ. Директор на ЈП „Улици и патишта” е Саид Саид од ДУИ. Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци” е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

    Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица. Заменик директор на „Градски паркинзи” е Сенада Ибраимова од Левица. Директор на „Градски паркинзи” е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ. Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот. Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДС туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори.

    Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра. Со 1.5 милиони евра во целост може да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот и да распишат нов повик за да обезбедат рабат за претпријатието. И директорот на ЈСП и Арсовска и СДС не работат за граѓаните, туку за свои интереси“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img